Неда Украден денеска го слави својот 69 роденден. По тој повод таа на својот Инстаграм профил објави провокативна фотографија во костим за капење од местото Лепетане, на црногорското приморје.
„Добредојде друштво мое на забавата на годината. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Неда под фотографијата. Најинтересниот детаљ на неа е шеширот специјално дизајниран за Неда, со нејзиното име кое е извезено на него.
Инаку, Неда е баба на внукот Душан кој има три години и шестгодишните близначки Неда и Александра, деца на нејзината ќерка Јелена.