Повеќе од 50 лица се повредени синоќа за време на судирите меѓу муслиманските верници и израелските полицајци кои влегоа во храмот на Брдото и на други места во источен Ерусалим, објави палестинската Црвена полумесечина.
Како што е наведено, 23 лица биле хоспитализирани, а повеќето биле ранети во главата со гумени куршуми и шрапнели од шок бомби, објави „Associated Press“.
Портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр изјави дека избиле „насилни немири“.
Израелската полиција која чуваше пристап до светилиштето, дом на џамијата Ал-Акса, трета по големина во исламот, која муслиманите ја нарекуваат Харам ал-Шариф (Возвишеното Светилиште), рече дека стотици бунтовници фрлале камења, шишиња и други предмети кон полицајците.
Пукања се слушнаа во Возвишеното Светилиште каде што се собраа муслиманите последниот петок во светиот месец Рамазан, а еден новинар за АФП изјави дека се крева чад над тоа место во Стариот град Ерусалим.
Судирите избувнаа во време на зголемени тензии во Источен Ерусалим и Западниот брег, палестинските територии окупирани во шестдневната војна во 1967 година.
Демонстрациите и судирите со припадниците на израелските сили во населбата Шеик Џарах траат веќе една недела во тој дел на Ерусалим, кој подоцна беше припоен кон Израел.
Спорот во тоа соседство се однесува на сопственоста на земјиштето на кое се изградени куќи на четири палестински семејства, на кои им се заканува насилно иселување со цел еврејските доселеници да се преселат таму.
Синоќешните судири избувнаа кога израелската полиција го засили присуството во Ерусалим поради муслиманските вечерни молитви, пренесе АП.
Видео од инцидентот покажува како верници фрлаат столови, чевли и шипки кон полицајците кои пукале како одговор.
Полицијата ги затвори портите што водат кон Ал Акса.
Соединетите држави денеска повикаа на смирување на тензиите во Ерусалим со цел да се избегне евакуација на палестинските семејства поради имиграцијата на еврејските доселеници.
- Длабоко сме загрижени за растечката напнатост во Ерусалим, изјави за новинарите заменик-портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џалина Портер.
Таа исто така рече дека е загрижена за можното иселување на палестинските семејства во источен Ерусалим, „од кои многумина, се разбира, живеат таму со генерации“.
This is horrific! After locking them inside, the Israeli forces broke into Bab al-Rahma prayer hall and attacked the Palestinian worshippers inside!! #Jerusalem #المسجد_الأقصى pic.twitter.com/jal2zfhT2e
— Quds News Network (@QudsNen) May 7, 2021
Masjid al-Aqsa has been transformed into a deadly battlezone tonight.
As worshippers performed Taraweeh Salaah, Israeli Occupation forces stormed the Masjid and rained down sound bombs, tear gas and rubber bullets on worshippers. #SaveSheikhJarrahpic.twitter.com/3Py9Zu3y63
— Ali Sohrab (काकावाणी) (@007QaQa) May 7, 2021