Хана Вадингем буквално блескаше на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес.
49-годишната актерка, која беше и водителка на Евровизија 2023, носеше црвена креација од Тони Вард, која ја надополни со специјален моден додаток – чанта од картон направена од нејзината 9-годишна ќерка.
Хана, која е самохрана мајка, гордо ја носеше картонската чанта додека пристигнуваше на свеченоста.
„Ќерка ми сакаше да придонесе, па ми направи чанта“ – рече Хана пред камерите. „Сето ова е одлично, но ова (да се биде мајка) е најважно“ – додаде таа, зборувајќи за мајчинството со новинарка.