Младата ѕвезда на калчолигашот Рома, Николо Ѕаниоло се почесто е во центарот на вниманието, а причината за тоа се неговите одлични партии за клубот до Рим. Меѓутоа одличните партии на Ѕанило не се единствената причина за неговата актуелност во медиумите, социјалните мрежи.
Имено неговата мајка со објавите на Инсаграм исто привлекува големо внимание, па дури и самиот Ѕаниоло одлучил да реагира и тоа поради провокативните фотографии.
“Мамо, престани. Зошто правиш така со устата, па ти имаш 40 години“, искоментирал Николо на една од фотографиите.
Коста нема намера да престане со фотографирањето.
„Сега можеби е лут, но ќе разбере. Кога се видовме последен пат пред тренинг центарот Тригорија го повтори истото. Ме прашуваше зошто му го правам тоа, но јас не му правам ништо, само се однесувам онака како што јас сакам“ – истакнува оваа 41-годишна убавица.
Инаку, 41-годишната Франческа Коста има над 160.000 следбеници на инстаграм-профилот, а бројката секојдневно се зголемува откако беше обелоденето дека таа е мајка на Заниоло. Дел од оваа бројка се фудбалерите на Рома, кои не пропуштаат да се пошегуваат со младиот ас при секое ново селфи на неговата мајка.