Француската актерка Жудит Годреш го обвини филмскиот режисер Беноа Жако дека ја силувал кога имала 14 години во 1986 година и подоцна во 1990-тите.
Француското обвинителство отвори прелиминарна истрага во врска со пријавата, која во вторникот била доставена до Бригадата за заштита на малолетници во Париз, јавува Би-Би-Си.
Жако, пак, во интервју за „Монд“ изјавил дека целосно ги отфрла „нејзините тврдења и обвинувања“.
Годреш неодамна се осврна на нејзината врска со Жако, но не го спомна по име, во автобиографската телевизиска емисија наречена „Икона на францускиот филм“.
Меѓутоа, француската актерка подоцна се предомислила, откако гледала документарен филм од 2011 година во кој режисерот зборувал за својот однос со адолесцентна девојка.