Новогодишната еуфорија е присутна во речиси секое семејство низ целиот свет. Македонија е во чекор со големите градови, кога станува збор новогодишните забави.
Но, на неделната трка на Дедомразовци во Скопје, настанот падна во сенка. На социјалните мрежи се појави фотографија, како млади луѓе трчаат во дедомразовска облека, а непосредно до нив на картон спие детенце, кое најверојатно е од ромска припадност.