Загрижувачки се секојдневните мерења на загаденоста на воздухот во Скопје. Сите граници се преминати, а надлежните како да немаат идеја да одговорат на гневот на граѓаните.
Болниците се полнат со болни, поради аерозагадувањето, а најстрашното е дека голем дел од нив се деца од најрана возраст. Градските власти најавуваат ниа мерки, а дотогаш скопјани се оставени сами да се снаоѓаат против отровот кој го дишат.
Водно е можеби единствената светла точка на Скопје, иако и таму се издвршуваат градежни активности. А таму огромен смог се надвиснал над Скопје, и главниот град не се гледа.