Манекенката Адријана Лима била фотографирана на аеродром во Сиднеј заедно со партнерот Андре Лемерсон. Парот се враќал од Светското првенство во женски фудбал, чија амбасадорка е токму Адријана.
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени на светот, а сега папарацо фотографите успеале да ја фотографираат без грам шминка додека се подготвувала за летот. Таа била облечена во лежерен аутфит.
Манекенката последните неколку години се посветила на семејниот живот. Од претходниот брак таа има две ќерки, 12-годишната Валентин и 9-годишната Сиена кои ги добила со српскиот кошаркар Марко Јариќ, од кој се разведе во 2016 година. Минатата година таа и Андре го добија синот Сиан.
Неодамна Адријана проговорила за проблемите со кои се соочува откако на 42 години го роди третото дете.
„Породувањето ме уништи. Секој ден нова борба и секој ден самата себе морам да се потсетувам да го прифатам своето ново тело, но ќе направам сѐ што можам за да се доведам во ред што побрзо“, изјавила манекенката во разговор за „People“.
„Се чувствувам како да сум во транзиција и затоа секој ден напорно вежбам и се мачам, но секој ден и учам нови работи за себе и своето тело во 40-тите. И, тоа е во ред затоа што телото во различна животна доба реагира различно“, додала манекенката.