Холивудските ѕвезди Кетрин Зита Џонс (49) и Мајкл Даглас (74) уживаат во летото, а моментално престојуваат во Сен Тропе. Иако повеќето време го минуваат на јахтата, во еден момент ја напуштиле за да одат на ручек во блискиот ресторан. Кетрин, за таа пригода облекла летен фустан кој го истакнал деколтето, а комбинацијата ја дополнила со голем црн шешир и многу накит. Мајкл пак се одлучил за полежерен изглед па носел куса НБА маичка и имал очила за сонце.
Прекрасната актерка објавила една нивна заедничка фотографија од ручекот, која ги воодушевила фановите.
“И тоа беше ручек”, напишала Кетрин и ја објавила фотографијата која за кратко време имала повеќе од 90.000 лајкови, како и многу коментари.
“Прекрасни сте”, “Уживајте во ручекот”, биле некои од многубројните коментари.
Меѓутоа, не биле сите толку позитивини. Еден од фановите напишал: “Мајкл, многу си остарел“!”.
Инаку, Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се во брак 19 години, а разликата од 25 години што постои меѓу нив според зборовите на овие славни звезди никогаш не била проблем.