Македонска пејачка и актерка Тања Кочовска, инспирирана од хакираниот Фонд за здравство, испеа Балада за Фондот за здравство.
Tекстот е на познатиот македонски текстописец професор и лекар Миодраг Врчакоски кој како долгогодишен лекар, запознаен со проблемите, на нему својствен, сатиричен начин, го опева нашиот Фонд и сите негови маки и слабости, како и маките на лекарите и пациентите со него.
Оваа верзија е пишувана за мјузиклот „Докторска одисеја 2005“, во авторство на д-р Врчаковски.