Александар Вучиќ со порција боранија гo најави враќањето на обврските (ФОТО)

by Тони Зографски

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека земјата од понеделник се враќа на секојдневните обврски и ќе има порелаксирани мерки на вонредна состојба поради коронавирусот.

Се очекува враќање на многумина на работа, потоа да да почнат со работа на градинките и кафулињата, се разбира со задолжително почитување на физичката дистанца од 2 метри.

Истовремено  Вучиќ, како и други граѓани, се врати на редовниот работен ритам.

Тој на Инстаграм се огласи со убавите вести и вообичаените активности.

-После долго време се враќаме на вообичаените активности. Ручек на работа, извонредна боранија – напиша Вучиќ.

останати вести