Во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 107 нови случаи на Ковид-19, а направени се вкупно 660 тестови.
“Оваа рекордна бројка на заразаени со Ковид-19 е очекувана“, изјави министерот Венко Филипче кој пресот го правеш од дома, бидејќи е во изолација откако вчера беше на состанок со кумановски градоначалник Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид-19.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.
Филипче информираша и дека тестот на починатиот притвореникот од затворот од Шутка е негативен.