Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, кој беше примен во болница во Белград со тешка пневмонија, на „Твитер“ објави слика од болницата приклучен на апарати и откри дека здравствената состојба му е малку подобра. Откако беше однесен во болница, му беше направен и тест за корона, кој се покажа позитивен.
“Уморен сум, во текот на викендот го сопревме ширењето на воспалението, кислородот ме сочува и уште ми е неопходен за повеќе да ги одморам белите дробови кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме и температурата и го смируваме крвниот притисок”, напишал Јовановиќ.
Тој додаде дека лекарите постојано се со него и дека реагираат на секоја промена со модифицирање на терапијата.
„Втора вечер по ред, со нивна поддршка, успеав да спијам неколку часа, бидејќи најдоа решение за болката што ме кинеше цела недела. Мислам на сè и на сè… „Чувајте се“, напиша Јовановиќ.
Инаку, минатата недела лидерот на ЛДП беше префрлен од КБЦ „Бежаниска Коса“ на Клиниката за инфективни болести заради влошување на здравјето. Како што објави неговата сопруга Јелена, се сомневало на менингитис, но сомневањата на лекарите се отстранети, а Јовановиќ се опоравува.