ФИЛИПЧЕ: Разговаравме за набавка на лекот на “Мерк“

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција денес информираше дека македонските здравствени власти разговарале со претставници на компанијата „Мерк“ за набавка на антивирусниот лек против Кови-19, за кој се очекува во петок Американската агенција за за храна и лекови  да дозволи употреба.

– Разговаравме за новиот антивирусен лек со „Мерк“. Таков лек разива и „фајзер“, но за него не се завршени клиничките испитувања. Ова се лекови кои никако не ја менуваат вакцината. Не се одобрени. За лекот на „Мерк“ завршени се клиничките испитувања, а в петок американскиот центар ќе каже дали дозволува употреба. За „Фајзер“ клиничките испитувања не се завршени – рече министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Се работи за „молнупиравир“, за кој Министерството за здравство информираше дека ќе го набави  уште во октомври.  Тој е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Инаку, епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новите случај на Ковид-19, почнувајќи во периодот пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти – рече Филипче и додаде:

-Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи предвид што се случува во земјите во регионот.

Бројот на пациенти кои се хоспитализирани бележи раст, истакна министерот, а во моментов има 518 хоспитализирани пациенти по долг временски период.

Според него, важно е што процентот на хоспитализирани во споредба со претходните бранови е намален. Сега е 6,4 проценти од 8.000 активни случаи.

– До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме со каква мутација на вирусот сега е доминантна. Во однос на вакцинацијата до сега се аплицирани 1,6 дози вакцини, додаде Филипче.

останати вести