Видео на кое Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис Џиновиќ беше споделено на социјалните мрежи.
Според информациите на уредникот Драган Павловиќ Латас, кој го сподели видеото, станува збор за видео снимено минатата недела во Дубаи на приватна журка на која присуствувале и сегашниот и поранешниот лидер на СДСМ.
На видеото, јасно се гледа како поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се забавуваат во луксузно опкружување, во друштво на познатиот пејач Харис Џиновиќ.