Легендата на порно филмовите, Рон Џереми (67) е обвинет во судот во Лос Анџелес за силување две жени и сексуален напад на неколку други.
Адвокатот на округот во Лос Анџелес, Џеки Лејси, вели дека sвездата во филмови за возрасни е обвинета за силување на 25-годишна жена во дом во Западен Холивуд во мај 2014 година. Тој тогаш, наводно, сексуално нападнал и две други жени, во одделни прилики, во еден бар во Западен Холивуд во 2017 година, пишува „Дејли Мејл“.
Порно актерот нападнал и силувал жена повторно две години подоцна, поточно во 2019 година, жена на возраст од 30 години, во истиот бар каде што претходно нападнал.
Окружниот правобранител соопшти дека исто така ја отфрлил тужбата против него заради недоволно докази поврзани со сличен инцидент во 2016 година.
За ваков чин, тој се соочува со максимална казна затвор од дури 90 години. Поради сексуални напади, на Џереми му е забранет влез на повеќето големи и најзначајни манифестации на порно индустријата.