Една од жените од Дебар е со влошена состојба и е на апарати за дишење, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција за состојбата со коронавирусот.
-Влошена е состојбата на жената од брачниот пар кои беа први заболени од Дебар, таа веднаш е поставена на машина со механичка вентилација, со соодветна терапија. Најновите четири лица кои се заболени, се во стабилна состојба, меѓу нив има и 15-годишно дете.
Во моментот се испитуваат 7 лица, 6 од нив се од Дебар. Четворица имале директен контакт со заболените, а брисеви се земени и од доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар.
Министерот за здравство информираше и дека уште двајца откриле дека патувале во Шпанија и имале покачена температура.
Жената која прва се зарази од коронавирусот е добро и в понеделник си оди дома.
Денеска ќе се предложи до Владата да ги затвори молови.