Вакцина за коронавирус, која влезе во фаза на тестирање на човекот во Велика Британија оваа недела, може да се појави на пазарот во октомври, рече Адар Панавала, извршен директор на Серум институт Индија (SII), индиска компанија која планира да ја произведе вакцината.
Вакцината е произведена од научници од Оксфорд а SII планира да започне со производство за две до три недели.
Доаѓањето на вакцината на пазарот зависи од тоа колку успешен ќе биде тестирањето на луѓе, пренесува Indeks.hr.
„Нашиот тим тесно соработува со д-р Хил од Оксфорд и очекуваме производството да започне во следните две до три недели. Ние ќе произведуваме пет милиони дози месечно во првите шест месеци, така што се надеваме дека ќе го зголемиме производството на 10 милиони во истиот период”, вели Понавала.
Тој додава дека вакцината на пазарот се очекува во октомври, но, како што забележува, само доколку тестовите се успешни со потребните проверки за ефикасност и безбедност.
„Мора да се каже дека го започнуваме процесот на производство на наш сопствен ризик, за да имаме доволно дози за сите доколку клиничките испитувања се покажат како успешни“, истакна Понавала.
Тој исто така посочува дека неговата компанија нема да ја патентира вакцината доколку клиничките испитувања се успешни.
„Ние нема да го патентираме затоа што сакаме да се произведува и продава на пазарот низ целиот свет, не само во Индија. Се надевам дека истото ќе го следат и други компании кои ја откриваат вакцината за да можеме да имаме милијарди дози низ целиот свет што е можно поскоро”, рече Понава