“Има шест новозаболени и вкупниот број изнесува 48. Меѓу заболените е и девојче од Штип , на 4- годишна возраст, кое го добила вирусот во градинка во Англија. На Инфективна девојчето е сместено со мајката, ќе се земат дополнителни брисеви“, -информира министерот за здравство Венко Филипче на вечерашниот прес и додаде:
“ Во Дебар има три нови случаи. Во Скопје еден случај, лице кое имала контакт со претходно заразените. Уште еден случај има и во Гостивар, жена вратена од Швајцарија која рече дека имала контакт со заразен. Во моментов се тестираат 35 лица. Сите пациенти се стабилни, пациентката на респираторна машина исто така е стабилна“.
“Во болницата „8-ми Септември“ денеска се направени услови да се примаат пациенти кои се заболени од корона вирус, но имаат потреба и од други интервенции, како хируршки на пример. Тие се опремени со една хируршка сала, една ангиографска, и цело одделение со 22 кревети каде може да се сместуваат ваквите болни.
“Веќе се работи планот на посебни пунктови во рамките на здравствениот дом во Скопје, за што ќе известам следните денови. Здравствениот систем е добро менаџиран и добро е што пациентите се дијагностицираат во рана фаза на болеста, рече Филипче.