Во чест на кралицата на ромската песна Есма Реџепова, меѓународниот “Џипси-Фестивал“ кој се одржува секоја година во Цирих, во иднина ќе се вика “Есма – фест“.
И оваа година, по 13 пат, претставник на Северна Македонија на фестивалот беше поранешната група што ја придружуваше Есма,“Есмас бенд“.
Инаку, Есма Реџепова почина во декември 2016 година по кратко боледување. За време на својот живот таа одгледа 47 деца.