Фатиме Фетаи се повлекла од трката за шеф на Вишо јавно обвинителство Скопје, пренесува А1он.
Оваа нејзина постапка доаѓа откако Советот на јавно обвинителство ја одложи минатата седница каде требаше да се избере кој ќе раководи со ова обвинителство.
А1он пренесува дека од обвинителските клупи се шпекулирало дека целта било Мустафа Хајрулахи, актуелниот шеф и кандидат за нов мандат да остане на оваа позиција.
Фетаи како образложение за откажувањето дава дека доцна стигнале оценките.