ОДЕВ ПЕШКИ ПО БУЛЕВАРОТ, ПРЕД МЕНЕ ЕКСПЛОДИРАШЕ ВОЗИЛО: Министерката Петровска била случаен сведокна експлозијата во центарот на Скопје

by Тони Зографски

Додека министерката за одбрана Славјанка Петровска се движела по булеварот “Кочо Рацин” во непосредна близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, експлодирало возило во непосредна близина.

„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.

На терен е испратена и увидна екипа на МВР, откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.

останати вести