Советот на јавните обвинители на денешната седница избра 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевич, а не беше избрана обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа доби само 4 гласа „За“, при што не го доби потребниот глас за да биде избрана за јавен обвинител. Јавниот обвинител Љубомир Јовески гласаше против.
На седницата која се пренесуваше во живо, беше кажано дека во конкуренцијата има вкупно пријавени 14 кандидати, кои биле оценети со позитивна оценка.
-Никола Довлев добил 24,5 поени, Лиле Стефанова 25 поени, Елизабета Јосифовска 24 поени, Наташа Поп Трајкова 24,5 поени, Фатиме Фетаи 25 поени, Имра Османи 20,5 поени, Артан Ајро 25 поени, Трајче Пеливанов 25 поени, Златко Биковски 25 поени, Љубомир Лапе 24,5 поени, Вера Проевска 23 поени, Катерина Коларевич 25 поени, Наташа Сарамандова (не беа кажани поени), Верица Крстевска 25 поени, истакна претседателот Ацо Колевски, додавајќи дека повеќето обвинители имаат освоени 25 поени, и станува збор за стручни кадри.
Денеска на седница на Советот на Јавни обвинители се гласаше за 5 јавни обвинители при Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција – објави ТВ21.
На оваа седница не беше избрана обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа доби само 4 гласа „За“, при што не го доби потребниот глас за да биде избрана за јавен обвинител.
На оваа седница со 10 гласови „За“ и само еден против, беше избрана Лиле Стефанова за јавен обвинител.