Истражувачкиот новинар Лијам Кокрен во својата книга го опиша чудесното спасување на 12-те исчезнати деца и нивниот тренер во пештера на Тајланд, откако 10 дена поминаа заробени длабоко под земја. Меѓутоа Лијам наводно дознал дека нуркачите не ги обучувале децата да нуркаат ниту пак имале некакви планови во тој правец. Наместо тоа, тврди тој во својата книга, тие знаеле дека единствен начин за да се спасат децата е да ги издрогираат за да можат нуркачите да ги извлечат низ тесните тунели.
Властите знаеле дека им истекува времето за спасување, зошто биле прогнозирани обилни врнежи, што додатно би ја поплавиле пештерата и би ја оневозможиле операцијата за спасување. Знаеле дека не можат да ги подготват децата за тричасовно нуркање во така краток временски период. Наместо тоа, донеле одлука на децата да им дадат коктел од три лекови. Децата потоа со лисици биле врзани за нуркачите.
Официјалните лица знаеле дека нивниот план е опасен и дека некои од децата би можеле да настрадаат, но исто така знаеле дека мораат да ризикуваат, зошто ако ништо не направеле децата во пештерата сигурно би умреле.