Министерството за правда го објави нацртот на предлог-законот за Специјално јавно обвинителство во кој промени во однос на надлежностите за кривичните дела кои можат да бидат предмет на оваа институција во однос на актуелното законско решение.
Досега, Специјалниот јавен обвинител беше овластен и надлежен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршени во периодот меѓу 2008 и 2015 година, пренесува Фактор.
Со ваквиот развој на настаните, СЈО ќе истражува и ќе ги гони кривичните дела на претседателот на Македонија, поставените амбасадори и други претставници во странство и именувани лица од Претседателот, избрани или именувани функционери во и од Собранието, во и од Владата, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје.