На денешната прес-конференција на Државното јавно обвинителство на Република Бугарија беше истакнато сведоштво на еден од преживеаните кој изјавил дека од автобусот се спасиле осумина а не седумина луѓе.
„Сите настради, според лекарите, се во добра состојба, но во тешка шсихичка состојба. Бев со главниот обвинител на Македонија на местото на несреќата, ги видов телата. Тоа засекогаш ќе биде вмрежано од мојата меморија. Беше страшно. Кога ги посетив во болница, еден бараше да оди во тоалет, еден да зборува со мајка му, другиот го бараше синот, кој останал во автобусот. Најдовме 44 трупови, во болница се 7 лица. Имаме информација дека патувале 52 патници. Останува големата дилема, каде е осмото лице? Работиме по таа верзија. Можеби станува збор и за лоша меморија на сведоците“, кажа Милева дел од тимот кој ја истражува несреќата.
Пред тешкиот инцидент, имало 20 минутна пауза на бензинска станица. Се претпоставува дека еден патник се качил во друг автобус, но тоа не е докажано. Поради тоа, се проверуваат и снимките од надзорните камери каде имало пауза на патниците.