Силно невреме вчера го погоди поголемиот дел од Грција, најмногу на крајбрежјето на Егејското Море. Според податоците на Националната метеоролошка служба, наврнале повеќе од 100 милилитри дожд, а во невремето биле уништени и бројни плажи.
Како што е објавено во Фејсбук групата „Грчка инфо“, на сите туристи кои се на одмор во таа земја добиле СМС известување за потенцијално опасно време.
Според коментарите на членовите на оваа група СМС пораки добиле туристите кои се во Неа Пори, Врасна, Пефкохори, Неа Каликратиа, Сарти, Никити, Асправалта, Неа Мармарас, Неа Флогита, Полихроно, Ханиоти, Тасос, Неа Потидеа, Ставрос, Торони, Лептокарија и на многу други места.
Туристи на социјалните мрежи споделуваат како изгледаа туристичките места на Халкидики:
Сарти: