Ученичка од Мичиген удрила професорка со метално столче за време на жестока расправија со друг ученик.
Шокантна снимка од инцидентот покажува средношколка која стои во близина на вратата од училницата додека вика на врсничка, која не се гледа. Тинејџерките постојано се навредуваат додека наставничката стои меѓу нив и се обидува да ја смири ситуацијата.
Во еден момент ученичката ненадејно фрлила стол, удирајќи ја наставничката, која паднала и останала да лежи неподвижна. Наместо да ѝ помогнат, тинејџерките се судриле со тупаници над нејзиното тело.
Неименуваната наставничка итно била пренесена во болница.
– Ученичката ќе одговара во согласност со законот – изјави директорот на училиштето, Кевелин Џонс.
Локалните водачи велат дека видеото од насилството во училиштата, кое е прегледано повеќе од осум милиони пати, е показател за лошиот училишен систем во земјата.
– Видеото одлично ја прикажува тажната состојба на образованието во Мичиген, нема чувство за ред, нема почит кон наставниците, а најлошо од сѐ, нема учење. Недостигот на образование на младите е рецепт за зголемен криминал и невработеност – изјави поранешниот шеф на полицијата во Детроит Џејмс Крег, кој планира да се кандидира како републиканец во претстојната трка за Сенатот.
Локалните медиуми јавуваат дека повредената наставничка е добро и планира да се врати на работа.
Засега не се знае каква дисциплинска мерка ѝ е изречена на ученичката која го фрли столчето и дали е исфрлена од училиштето.