Иако официјален Пјонгјанг молчи за состојбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун познати светски медиуми истражуваа не само за операциjата на Ким, туку и за неговите можни наследници. Човекот кој има право да го наследи престолот е Ким Хан-сол, неговиот внук.
Тој учел во Мостар, а како што тврди порталот 24sata.hr, таму го имал прекарот “paкија”.
Tој пред речиси 10 години се доселил во градот на Неретва да учи на “United World College”. Луѓето од Мостар имаат само убави зборови за него.
“Секогаш одеше во една кафана на Шпанскиот плоштад. Тоа требаше да се види. Таму се служеше и пијалок, имаше и ракија, ја правеше газдарицата. Тука тој пиеше, а овие нашите го нарекуваа “Ракија”, раскажува еден мостарец.
“ Тотално му се допадна нашиот начин на живот. Сакаше да слуша рок, сакаше да излегува и да ги јади нашите пити – вели Мостарка која го познавала Ким.
Новинарите на 24 сата ја пронашле и газдарицата на кафаната во која младиот “Ракија“ ги минувал средношколските денови.
“Нон-стоп беше тука. Имаа забави во петок и сабота овде во бавчата. Не се сеќавам дека пиеше ракија, но се сеќавам на лимонада и пиво. Можам да ви кажам се најдобро за него. Момчето како и останатите, се дружеше и беше пристоен. Кога ќе ме сретнеше секогаш ме поздравуваше… Се беше супер. Ми недостасува.
.