СНИМКА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Машиновозач го запрел возот и отишол да купи јогурт (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пакистанскиот машиновозач Рана Мохамед Шехзад и неговиот помошник Ифтикар Хусеин беа суспендирани откако непланирано запреа воз на релација Лахоре-Карачи со цел да  купат јогурт.

Видеото од инцидентот што се случи во понеделникот стана вирално на социјалните мрежи, а возот беше запрен на небезбедно и непланирано место во близина на железничката станица Канха.

На видеото се гледа како помошникот на возачот купува јогурт од уличната тезга и се враќа назад во возот.

Откако видеото стана вирално, пакистанскиот министер за железници Азам Кан Свати и нареди на пакистанската железничка управа во Лахоре да ги суспендира возачот и помошникот, објави Dawn.

– Нема да толерирам вакви настани во иднина и да дозволам некој да користи национален имот за лична употреба – предупреди министерот во соопштението.

– Кога ќе застанете воз среде шините, тоа станува безбедносно прашање. Безбедноста е наш приоритет. Не можеме да толерираме ништо што ја загрозува безбедноста – додаде портпаролот на Министерството за железници, Сиед Ијаз-ул-Хасан Шах, пренесува АФП.

Инцидентот покрена прашања за безбедноста и регулирањето на железницата во земја каде што несреќите се вообичаени поради лошо управување и невнимание.

Претставник на железницата изјави за новинската агенција дека ваквите инциденти не се невообичаени во Пакистан.

https://twitter.com/i/status/1468511482598105089

останати вести