Лидерите на три опозициски партии во унгарскиот Парламент во заедничко писмо ја оценуваат како „срамна“ одлуката на владата на Виктор Орбан да му додели азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, пренесува Еурактив.
-Неприфатливо е да дознаваме од странските медиуми дека унгарската влада му дала азил на криминалец кој се бара со меѓународна потерница, наведуваат во заедничкото писмо Берт Алан Тот, претседател на унгарската Социјалистичка партија, Сабо Тимеа, копретседател на партијата Дијалог за Унгарија и Ференц Гурчани, лидер на Демократската коалиција.
Извор – ТВ 21