Глумецот Пол Херман, познат по улогите во „Сопранови“ и „Добри момци“, почина вчера на 77-годишна возраст, точно на својот роденден.
Неговата смрт ја потврди неговиот колега Мајкл Империоли – кој го играше Кристофер Молтисанти во криминалната драма „Сопранови“ на ХБО.
– Почина нашиот пријател и колега Пол Херман. Поли беше одлично момче. Првокласен раскажувач и одличен глумец. „Добри момци“, „Беше еднаш во Америка“, „Ирецот“ и, секако „Сопранови“… Ќе ни недостасува, напиша Империоли на Инстаграм.
Пол Херман неодамна глумеше и во филмот на Мартин Скорсезе – „Ирецот“ (2019) и во 60-на други филмски и ТВ-проекти претходно.