Холивудската актерска легенда Клинт Иствуд и на 88 години го покажа своите заводнички квалитети. Тој успеа да му ја фати девојката на 75-годишниот фронтмен на Ролинг Стонси, Мик Џегер, 23-годишната Нор Алфалах.
Новата љубовна двојка е снимена како излегува од еден ресторан во Холивуд. Нор за да ги избегне папараците седнала на задното седиште на автомобилот на Иствуд. Таа тврди дека со холивудската ѕвезда е само пријателка.
“ Нема тука никаква љубовна врска. Не сме заедно. Фамилијарни сме пријатели, а и моите родители беа со нас. Верувајте, нема ништо меѓу нас“ – изјави Нор за “Дејли Меил“.
Инаку, на Нор Алфалах слабост и се постари мажи, па освен со Иствуд и Џегер се “дружеше“ и со 57-годишниот милијардер Николас Бегруена.