Анџелина Џоли е бесна на својот бивш сопруг Бред Пит поради неговите блиски односи со кланот Кардашијан. Имено, откако Бред отишол во алтернативната црква на една од мисите кои ги држи сопругот на Ким Кардашијан, Канје Вест, Анџелина му поставила ултиматум на својот екс сопруг: “ Или Канје или децата“.
Таа наводно е загрозена од политичките ставови на семејството и нивниот начин на живот и е подготвена дополнително да му го загорчи животот на поранешниот сопруг и неговиот однос со децата.
За разлика од Анџелина Џоли, Бред Пит нема намера да го прекине пријателството со раперот и семејството Кардашијан.
-Ми се допаѓа што на светов постои Канје, поинаков е. Имам чувство како да дојде и го наруши постоечкиот распоред. Не можеме да се преправаме дека неговата музика не постои и дека нема влијание – рекол неодамна актерот, кој има шест деца со Анџелина.