МАРИЈА УШТЕ ЕДНАШ ЗА ТАМАРА: Одлична песна, беше преубава, пееше фантастично (фото)

by Тони Зографски

Марија Шерифовиќ пред својот шести концерт во Белград, пред новинарите уште еднаш го искажа задоволството од настапот на Тамара на Евросонгот.

-Одлична песна, убав настап, Тамара беше преубава, пееше фантастично. Тоа е песна што треба да му се допадне на стручното жири. Стручното жири тоа го препозна и во некои држави кои не се благонаклонети кон земјите од Балканот.  Уште вечерта Тамара ми одговори на пораките: “Баш ми е гајле, јас сум задоволна, јас победив“, ми напиша таа – изјави Марија и уште еднаш го прокоментира настапот на Мадона во Тел Авив.

-Мадона никогаш не била некоја пејачла, таа е “мастер“ на шоу бизнисот и на сцената, а навистина во Тел Авив не беше во елемент. Но, која сум јас да и судам на Мадона, но дека пееше фалш, пееше – рече српската пејачка.

 

останати вести