Модата во европските градови се следи со децении, а италијанскиот град Милано отсекогаш се сметал за нејзина престолнина. Сведоштвата на многумина кои некогаш го посетиле овој град најчесто беа позитивни и откриваа убаво облечени жени и мажи што шетаат по улиците.
Сепак, едно видео на социјалните мрежи покажа дека работите се менуваат, дека не е сè како што се чини, а тоа во најмала рака ги изненади луѓето. Иако сите мислат дека во Милано шетаат средени и дотерани луѓе, оваа снимка покажува дека, или луѓето имале погрешна слика за престолнината на модата или таа се променила со текот на времето и со доаѓањето на новите генерации и трендови.
На видеото може да се видат млади луѓе како се шетаат во безлична и неугледна облека. И не само тоа, туку и комбинираат неспоиви стилови, па носат бермуди со бели чорапи и мокасини. Исти такви чорапи се забележани и кај една девојка која ги комбинирала со фустан и високи потпетици, додека еден маж шета со речиси женска свилена кошула. Некои комбинирале зимска облека со летна, која изгледа како да ја собрале од контејнер, но сепак се сретнуваат и убави и позитивни примери на складно и елегантно облечени вљубеници во модата.
Дека уметничкиот израз е присутен меѓу луѓето во овој град, покажуваат и девојките кои преку ден носат вратоврска во комбинација со полежерна кошула, а притоа не изгледаат деловно. Додека некои носат фармерки со разни платнени додатоци, кои попрво би ги виделе во циркус отколку на улица. Сепак, некои останале доследни на својот стил и нешто што е класично, па не погрешиле при изборот на облека. Од друга страна, оние што носат необични парчиња облека и форсираат позапуштен изглед, посакуваат доза на екстравагантност и лежерност. Многу корисници на мрежата ова го дочекале со чудење, додека некои го бранеа ваквиот стил.
– Сè додека им е удобно така, не е важно. Модата е забавна и слободна.
– Луѓето прават сè за да изгледа како бездомници.
– Ниту еден од овие луѓе не изгледа добро. Сè им прилега лошо.
– Ова, демек, треба да биде мода… Луѓето немаат поим од мода, ова е само неуредност…
– Ужас! Сите се обидуваат да изгледаат лошо денес?
– Фала му на Бога што не живеам во Милано – беа дел од коментарите.
Многумина рекле дека овие шетачи секако се обидуваат да бидат автентични и креативни, но дека тоа не им успеало. Некои прокоментирале дека ова потсетува на модата од 90-тите, но изгледа многу поевтино. Има и коментари во кои е наведено дека вакви ситуации не се сретнуваат само во Милано, туку невешто облечени луѓе гледаме секојдневно, а тоа сигурно не може да биде мода. Со оглед на тоа што Милано е центар на модата и културата, многумина се согласиле дека вака Милано сигурно не испраќа добра слика и дека луѓето би требало малку повеќе да се погрижат со својот изглед.