Крадец, кој украл пари од месарница во Велес, откако бил откриен, бегајќи се фрлил во Вардар, па барал помош за да не се удави – објави порталот тирековмирече. Според сведоци кои учествувале во фаќањето на крадецот, се било како во филм.
“Вработениот во месарницата беше излезен надвор а влезе некое лице и за кратко испадна од дуќанот. Кога вработениот нешто го праша и се обиде да го сопре, тој почна да бега. Истрча преку блиската железничка рампа и низ месноста Дворови траеше бркотница. Преку еден од сокаците, тој стаса до Вардар и скокна во него“ , вели соговорник за порталот.
Слушнав викање помош, помош. Во мракот не се гледаше кој и каде е, но гласот доаѓаше од реката. Го слушна друг минувач и се симна до брегот, сакаше да скокне да го вади, но давеникот беше близу и со помош на една даска која му ја даде човекот, тој се фати и излезе на брегот – изјавил друг сведок на настанот.
Таму веќе била полицијата и екипа на Итната помош а дежурниот доктор му дал прва помош.
Од МВР за настанот информираа дека случајно е расчистен, без многу детали.