Русија обвини дека Украина намерно убила десетина руски војници. Го обвинуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски за воени злосторства.
Руската новинска агенција РИА Новости објави дека припадниците на украинските вооружени сили намерно убиле руски војници со директни истрели во главата. Тие велат дека ова не е „трагичен исклучок“, туку дека правата на воените затвореници се опасно прекршени од режимот во Киев, пренесува Јутарни.
„Бруталното убиство на руски војници не е ниту прво, ниту единствено воено злосторство. Ова е вообичаена практика во вооружените сили на Украина која е активно поддржана од режимот во Киев и целосно игнорирана од западните патрони. Но, на Зеленски и неговите поддржувачи ќе им се суди пред судот на историјата, народот на Русија и Украина. Ќе им судиме за сѐ, за секој измачуван и убиен затвореник!“, велат од руското Министерство за одбрана.
Украинската страна уште не го коментирала случајот.
Инаку, меѓународните организации објавија дека и двете страни ги мачеле противниците. Во Украина по заминувањето на Русите беа откриени повеќе масовни гробници и простории за мачење. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
— zoranceran (@zoranceran2) November 18, 2022