ЗЕЛЕНСКИ ДО РУСИТЕ: Замислете 14.000 мртви тела на стадионот во Москва

by Тони Зографски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово одговори на настапот на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва, упатувајќи мрачна порака.

Зеленски се огласи еден ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција” во Украина како „херојска” мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот Лужники во Москва пред десетици илјади Руси.

– Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, приближно одговараат на бројот на руски војници кои влегоа во Украина, истакна Зеленски во денешната видео порака.

– А сега замислете 14.000 мртви тела на овој стадион со уште неколку десетици илјади ранети и осакатени, нагласи тој, мислејќи на украинските проценки за руските загуби од почетокот на војната.

Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на конфликтот.

– Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса, изјави украинскиот претседател.

останати вести