-годишни близначки биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида.
Нивната мајка Сејди Мајерс на Фејсбук напишала дека близначките Аурора и Келан на 25 август се разбудиле среде ноќ за да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува NBC.
„Додека спиеле, една од нив сигурно се мрднала или удрила во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од дрво“, напишала Мајерс на Фејсбук. „Полека им снемало кислород за неколку часа и умреле“, додаде таа. .
Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близначките не се во нивните кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во кутијата.
„Знаев дека нешто не е во ред, но исто така брзо сфатив дека е предоцна“, напишала Мајерс. „За мене нема смисла и никогаш нема… Се надевам дека ова знаење помага на некој начин и се надевам дека веднаш ќе уништите ваква кутија доколку ја имате дома“, додаде таа. „Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и ако не е заклучена“, опишала неутешната мајка.
Поручник од Канцеларијата на шерифот во Џексонвил изјавил дека децата биле без свест кога полицијата и ЕМС пристигнале на местото на настанот, и покрај напорите за оживување, тие биле прогласени за мртви.
„Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство“, изјавил поручникот за NBC.