Експлозија во центарот на Мадрид (ФОТО)

by Тони Зографски

Една жена е потешко повредена денеска во експлозија во зграда во центарот на Мадрид, објави службата за итни случаи на својот профил на Твитер.

Според локалните медиуми, експлозијата во зградата во населбата Малазана најверојатно била предизвикана од истекување на гас.

По експлозијата избувнал пожар, а повредената се здобила со изгореници на околу 25 отсто од телото, пишува Telemadrid.es.

Explosion in Madrid downtown

останати вести