Елизабет Сквајер (68) од Австрија била нападната од ајкула на познатото египетско летувалиште Хургада, пишува „Дејли мејл“.
Синоќа жената била префрлена во болница со тешки повреди, но и покрај напорите на лекарите, починала.
Жената била мажена за Еѓипќанец и живеела во Хургада, а целиот инцидент се случил во близина на познат хотелски комплекс.
На видеото се гледа како луѓето од брегот го гледаат нападот и ѝ викаат на жената, но никој од нив не се осмели да влезе во водата.
Водата околу жената цело време беше црвена од крв.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена на три дена затоа што инцидентот се случил додека на плажата имало голем број посетители.