Покрај разговорите за политика, двајцата претседатели на Србија и на Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин разговарале и за “тврдина на тркала“ на рускиот челник, автомобилот “аурус сенат“.
– Ова е единствен автомобил во кој можам комотно да ги исправам нозете и со главата да не удрам во покривот- се пошегувал Вучиќ кога се сместил во “аурусот“ покрај Путин.
Двајцата државници започнале машки разговори околу јачината на моторот, перфомансите на возилото кое е отпорно на напад од воздух, бојни отрови, а може неколку часа да издржи и под вода.
– Моторот и шасијата се од руско производство, а има и германски делови – појаснил Путин.
Кога српскиот пртседател го запрашал за цената на автомобилот, рускиот челник со насмевка му одговорил:
– Сметајте на огромен попуст ако сакате да го купите!