Ученик од средно училиште во предградие на Милано ранил со ловечки нож наставничка и им се заканувал со пластичен пиштол на учениците во училницата, соопшти полицијата.
Соучениците од класот раскажаа дека 16-годишникот наеднаш станал по почетокот на наставата во градот Абијатеграсо и ја нападнал наставничката од зад грб по рацете и главата, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Кога напаѓачот го вперил пиштолот кон учениците од каласот тие избегале од училницата.
Полицијата соопшти дека тинејџерот, кога влегле во просторијата, седел на подот само во училницата и не пружал отпор при апсењето.
Крвав нож и пиштолот се најдени на тетратката на работната маса, покажуваат фотографиите кои ги објави полицијата.
Наставничката(52) изгубила многу крв и е хоспитализирана. Ученикот е префрлен на болничко психијатриско одделени и како што се чини, се самоповредил, соопшти полицијата.
Директорката на училиштето Мишел Рафаели изјави за новинарите дека ученикот имал проблеми во училиштето и дека неговите родители се повикани на разговор во вторник.