Полицијата утрово околу девет часот уапси поранешен ученик кој застрела наставник во основно училиште во Лукавац кај Тузла, јавуваат медиумите.
Ученикот утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник и тој е во тешка состојба.
Станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, јавува Дневни аваз.
На фотографијата се гледа како полицајците го држат напаѓачот на земја, додека до него има пиштол.
Како што дознава „Кликс“, станува збор за ученикот Г.М.(15) кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште.
Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О. кого го застрелал во пределот на главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.
Училишниот наставник кој бил застрелан е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, во тек е операција.