На летот на руската национална компанија „Aeroflot“ настанал тотален хаос на 10.000 метри кога една патничка се соблекла топлес, гризнала стјуардеса и се обидела да влезе во кокпитот на авионот. Руските медиуми пишуваат дека Анжелика Москвитина била под дејство на алкохол на летот од Ставропољ за Москва, а причината за нејзиното дивеење била никотинска криза.
Избезумената патничка инсистирала дека сака да запали цигара, а кога желбата не и била исполнета, настанал хаос. Ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците во бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзе и да ја смири.
„Госпоѓо, седнете и облечете се. Каде ви е облеката?“, ја прашал управникот Анжелика, а таа студено одговорила: „Дали сте свесни дека вие ги кршите правилата?“
Стјуардот и одговорил: „Тука има деца. Морате тоа да го почитувате“. Сепак, таа не се откажала.
„Ги почитувам децата. Всушност, обожувам деца. Свесна сум дека ќе завршам во лудница или во затвор, но сакам да влезам во кокпитот. Можеш да ме убиеш, но јас сакам да запалам цигара“, рекла таа.
Секако, откако ја гризнала стјуардесата, персоналот морал да интервенира. Веднаш по пристигнувањето во Москва, Москвитина била приведена и ставена на црната листа на „Aeroflot“.
https://twitter.com/i/status/1625902237657575450