“ Во државата во моментот има 18 позитивни на коронавирус, од кои шестмина од вчера. Сите 13 се во стабилна состојба, само една, првата од Дебар, е приклучена на машина. Други пациенти се со лесна клиничка слика и се сместени во одделот за изолација. Се работи на седум нови примероци кои се испитуваат. Меѓу нив е едно лице од Охрид, а има и лица од Дебар. Станува збор за лица кои пристигнале од Швајцарија, Германија и Австрија, а после неколку дена развиле висока температура. Во текот на денот ќе бидат готови резултатите“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот прес и додаде:
“Две родилки кои што вчера се донесени од Дебар, едната е во болницата во Охрид, другата во Скопје и тие се во оддел за изолација, не се непосредно пред породување, меѓутоа ги донесовме тука за да се направат тестовите и да бидат подготвени за породување. Детската болница од Козле ќе биде подготвена да ги прими децата кои евентуално ќе бидат заразени од коронавирус. На денешниот состанок со директорите на клиниките одлучено е целиот медицински персонал во јавните и приватните болници да се мобилизирани и да се стават н располагање и да работат во здравствените установи каде тоа ќе биде потребно. Во Дебар и Центар Жупа нема собирања и нарушување на јавниот ред и мир. Во државата има 120 аспираторни машини од кој 90-сет се во Скопје “, рече министерот.