Младата ТикТокерка и инфлуенсерка Карла Пардини (21), била застрелана во Мексико, по што било пронајдено нејзиното безживотно тело.
Имено, Карла била застрелана во Мексико, пред својата куќа, откако непозната личност ѝ се јавила на телефон и ѝ кажала да излезе надвор.
Карла била пронајдена во безживотна состоба и било можно да се врати во живот.
Сведоците на полицијата ѝ кажале дека неколку вооружени лица биле видени како шетаат во тоа подрачје пред да се случи убиството.
Државното обвинителство се огласило по убиството, но не откриле дали нејзините последни видеа имаат врска со тоа.
„Истрагата ја вршиме во најголема тајност, за да не ги предрупредиме можните осомничени“ – кажа главниот државен обвинител.
Карла Пардини беше позната по објавувањето содржини кои се однесуваат на модатата. Имаше околу 90.000 следбеници, а нејзините видеа имаа милионски прегледи.