Принцот Абдул Матин од Брунеи, кој со години важи за еден од најпосакуваните азиски ергени, наскоро ќе застане пред олтарот со убавицата со хрватски корени, Аниша Роснах со која се вери во ноември минатата година.
Сега заедно ја дочекаа Новата година со фотографија на Инстаграм, на која и двајцата позираат во елегантни комбинации, а особено се истакнува нејзиниот блескав веренички прстен.
Матин и Аниша ќе се венчаат овој јануари, а раскошната церемонија ќе трае дури девет дена. Свадбените прослави, кои започнуваат на 7 јануари, ќе опфатат кралска церемонија на пудра во прав, исламска церемонија во џамијата Омар Али Саифудиен и кралска парада околу главниот град на земјата, Бандар Сери Бегаван.
За убавата Аниша не се знае многу, а откако се сврши со принцот ги затвори и своите профили на социјалните мрежи. Она што е познато е дека потекнува од угледно брунејанско семејство чии корени потекнуваат од Хрватска. Нејзиниот дедо Пехин Датук Хаџи Иса беше ко-основач на успешна авиокомпанија и долгогодишен советник на султанот од Брунеи.
Аниша е сопственичка на модниот бренд Silk Collective, кој го основала по студирањето на престижниот универзитет Бат во Велика Британија, а има и своја туристичка агенција.
Нејзината љубов кон спортот наводно ја зближила со принцот, а тој е долгогодишен пријател и со нејзиниот брат Даниал Дин Иса-Калебиќ.
Инаку, згодниот принц студирал и во Велика Британија, а дипломирал меѓународна политика на Кралскиот колеџ во Лондон. Моментално е пилот на хеликоптер во воздухопловните сили на Кралството Брунеи и има чин мајор. Тој исто така е професионален поло играч и ја претставуваше својата земја на игрите на Југоисточна Азија во 2017 и 2019 година, а ужива и во скијање, скокање со падобран, нуркање и голф.
Тој е најмладиот од трите деца и има сестра Азема и брат Ал-Мухтади.