Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел.
Освен нафтата од утрово и цеената на пченицата е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.
Во минус е и пазарот на криптовалути. Цената на биткоинот денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година.